Top Sport

Вестбрук незапирлив во ЛА, Јанис доминантен против Филадлефија (Видео)

Хјустон Рокетс ги победија Лејкерси во Лос Анџелес 121:111 во најпривлечниот меч што се одигра изминатата ноќ во НБА-лигата.

Интересен и неизвесен натпревар одиграат Лејкерси и Хјустон. Ниту еден од тимовите се до финишот немаше поголем предност од осум поени. На крајот Хјустон беа тие што одиграа подобро во завршницата.

Франшизата од Хјустон до победата ја предводеше Расел Вестбрук со 41 поен, осум скока и пет асистенции. Вестбрук на овој натпревар ја мина границата од 20.000 поени во кариерата.

Кај Лејкерс се истакнаа Ентони Дејвис со 32 поени и 13 скокови, односно Леброн Џејмс со 18 поени, девет скока и 15 асистенции.

Одличен натпревар одигра Јанис Адетокумбо во победата на Милвоки Бакс над Филаделфија. Бакс победија со 112:101, а Јанис забележа 36 поени и 20 скокови. Грчкиот кошаркар на последните пет натпревари редовни белеѓи најмалку 30 поени и 15 скокови.

Њу Орлеанс Пеликанс победија во Чикаго 125:119. Булс извлекоа пристоен пораз бидејќи во еден момент Пеликанс имаа предност од 27 поени. Првиот пик на драфтот Зајон Вилијамсон со 21 поен беше најефикасен кај Пеликанс.

Њујорк Никс минимално славеа над Орландо Меџик 105:103. Џулиус Рендел постигна 22 поени за Никс, додека кај Орландо се истакна Никола Вучевиќ со 25 поени и осум скока.

Победа запишаа и Портланд над Сан Антонио Спарс 125:117. Демијан Лилард мечот го заврши со 26 поени.

Scroll to Top