Top Sport

Вестбрук незапирлив за Милвоки, 40 поени на Дончиќ недоволни за победа

Брилијантните партии на Јанис Адекокумпо и Лука Дончиќ не им беа доволни на Милвоки, односно Далас да забележат победи во НБА лигата. Хјустон го победија Милвоки во дербито 120:116, а Финикс за два поени (117:115) беа подобри од Далас.

Расел Вестбрук го предводеше Хјустон до победата во пенал-завршницата над Милвоки. Рас постигна 31 поен, на кои придодаде шест скока и осум асистенции. Џејмс Харден немаша добра шутерска вечер, постигна 24 поени (8/24 од поле).

Хјустон на овој меч поставија рекорд, шутаа 61 тројка, погодија 21.

Кај Милвоки се истакнаа Адетокумпо со 36 поени, 18 скокови и осум асистенции, односно Крис Мидлтон со 27 поени и 12 скока и Брук Лопез со 23 поени и 12 скока.

Далас против Финикс имаа предност од 15 поени на полувремето, меѓутоа не успеаја да победат. Финикс одиграа брилијантна трета четвртина во која ја стигнаа и престигнаа предноста на Далас.

Девин Букер за Финикс забележа 30 поени, три скока и четири асистенции, Рики Рубио постигна 20 поени, на кои придодаде девет скока и седум асистенции.

Лука Дончиќ на спротивната страна натпреварот го заврши со 40 поени, погоди 18 од 19 слободни фрлања, осум скока и 11 асистенции, а Кристапс Прозингис постигна 30 поени.

Резултати:

Бруклин-Вашингтон 118:110
Бостон-Портланд 128:124
Мемфис-Сан Антонио 106:108
Орландо-Сакраменто 132:116
Хјустон-Милвоки 120:116
Финикс-Далас 117:115

Scroll to Top