Top Sport

Вестбрук позитивен на Ковид-19

Плејмејкерот на Хјустон, еден од најдобрите кошаркари во НБА лигата, Расел Вестбрук е позитивен на вирусот Ковид-19. Дека има позитивен тест Вестбрук објавил на социјалните мрежи.

Ѕвездата на Хјустон се наоѓа во самоизолација.

Плејмејкерот ќе мора да биде во карантин 14 дена, а кога ќе заврши перисот на изолација ќе може да се врати на тренинзите на својот тим.

НБА сезоната треба да продолжи на 31 јули во Орландо.

Scroll to Top