Top Sport

Ветеранот Луис Скола ќе ги предводи Аргентинците на Мундобаскетот во Кина

Селекторот на кошаркарската репрезентација на Аргентина, Серхио Хернандез го објави конечниот список со 12 играчи на кои ќе смета за претстојниот Мундобаскет во Кина. Селекторот се одлучи на ваков потег уште на три недели пред почетокот на Светското првенство.

Аргентинците на Мундијалот ќе ги предводи ветеранот Луис Скола кој во април наполни 39 години. Скола во Кина ќе прослави две децении играње за националниот тим.

Скола со „гаучосите“ освои дури 15 медали, а најсјајни се олимпиското злато во Атина во 2005 година, бронзата во Пекинг во 2008 година, а секако тука е и светското сребро во Индијанополис во 2002 година.

Селекторот Хернендес во Кина одлучи да настапи со истиот тим кој неодамна освои злато на Панамериканските игри во Лима.

На списокот се:

Николас Брусино (Сарагоса), Агустин Кафаро (Сан Лоренцо), Факундо Кампацо (Реал Мадрид), Габриел Дек (Реал Мадрид), Маркос Делиа (Хувентуд), Максимо Фјелеруп (Сан Лоренцо), Тијавек Галици (Регатас), Патрисио Гарино (Басконија), Николас Лапровитола (Реал Мадрид), Лусио Редиво (Бреоган), Луис Скола (Шангај Шаркс) и Лука Вилдоза (Килмеш).

Кошаркарите на Аргентина на СП се во групата Б заедно со Русија, Јужна Кореја и Нигерија.

Scroll to Top