Top Sport

Иван Перишиќ на позајмица во Баерн Минхен?

Челниците на Баерн Минхен и на милански Интер се договориле за трансфер на хрветскиот фудбалер во Германија, останува само уште тој да ги договори личните услови со баварскиот тим, пишуваат денеска медиумите во Италија.

Информациите се дека Баерн барајќи соодветна замена за пропаднатиот трансфер на Лирој Сане од Манчестер Сити (германскиот репрезентативец се повреди против Ливерпул) се одлучил да го донесе на „Алијанц арена“ искусниот хрватски фудбалер кој по се изгледа е прекуброен кај новиот тренер Антонио Конте на „Џузепе Меаца“.

Хрватскиот тренер на клупата на Баварците во средниот ред по заминувањето на ветераните Рибери и Робен остана со Кингсли Коман, Серџо Габри и младиот Алфонсо Дејвис.

Италијанските медиуми шпекулираат дека можно е Перишиќ да оди во Баерн на едногодишна позајмица за која „нероазурите“ би добиле помеѓу 3 и 5 милиони евра. Откупната клаузула на Хрватот е 30 милиони евра.

Покрај Перишиќ, Баерн размислува и за трансферот на Тимо Вернер од Лајпциг, Хаким Зијеш од Ајакс и Стивен Бервијн од ПСВ Ајндховен.

Scroll to Top