Top Sport

Везенков ја доби наградата „Алфонсо Форд“, Мадар е „Ѕвездата во подем“

Саша Везенков од Олимпијакос ја доби наградата „Алфонсо Форд“ за најдобар стрелец во Евролигата, а на Јам Мадар му припадна признанието „Ѕвезда во подем“.

Бугаринот во регуларниот дел од Евролигата на 38. одиграни натпревари имаше просек од 17,24 поени. Везенков му помогна на Олимпијакос да го освои првото место во регуларниот дел од сезоната, а потоа и да се пласира на завршниот турнир во Каунас.

Везенков, во регуларниот дел од сезоната имаше најголем индекс на корисност, што значи дека ќе ја добие и МВП наградата.

Тренерите на сите екипи од Евролигата го избраа плејмејкерот на Партизан, Јам Мадар за „Ѕвезда во подем“. Израелецот сезоната зад нас имаше просек од 5,8 поени по натпревар, на 10 натпревари постигнуваше двоцифрен број на поени. Во текот на сезоната Мадар, забележа вкупно 60 асистенции и 23 украдени топки.

Наградата „Ѕвезда во подем“ на Евролигата се доделува на играчи кои не наполниле 22 години до 1 јули 2022 година. Мадар го прослави 22. роденден во декември 2022 година.

Scroll to Top