Top Sport

Везенков од наредната сезона во НБА?

Претставниците на Сакраменто ќе бидат присутни во „ОАКА арената“ за време на грчкото дерби. Челните луѓе на франшизата од Калифорнија во живо ќе го гледаат Саша Везенков.

Генералниот директор на „Кралевите“ Монте Мекнер и потпретседателот Фил Џабур ќе бидат на натпреварот помеѓу Панатинаикос и Олимпијакос оваа недела за од прва рака да ги видат квалитетите на бугарскиот интернационалец.

Веста прв ја објави грчкиот новинар Сортирис Ветакис, кој додаде дека Џабур ќе остане подолго во Грција и ќе присуствува на натпреварот меѓу Лаврио и тимот од Пиреја во вторник.

Претходно и помошниот тренер Џеј Триано го гледаше Бугаринот во финалето од Купот на Грција. Везенков беше прогласен за најкорисен играч.

Везенков на почетокот на годината потпиша нов договор кој го „врзува“ со Олимпијакос до летото 2025 година. Освен што носи продолжување на соработката, овој потпис значи и поголема плата за Везенков, односно поголем откуп за тимот доколку се реши да оди во најсилната лига на светот.

Scroll to Top