Актуелниот европски првак Панатинаикос го доживеа првиот пораз во пресрет на новата сезона. Во Никозија, Макаби го порази Панатинаикос со 88:75.
Поразот тешко му падна на тренерот Ергин Атаман, кој бурно реагираше на судиските одлуки, без оглед на тоа што двата тима играа контролен натпревар.
Претходно, зелените забележа убедливи победи во претсезоната. На Кипар го совлада Баерн Минхен со 86:69, додека претходно во Љубљана триумфираа над Цедевита Олимпија и Ефес.
Панатинаикос претстојниов викенд ќе биде домаќин на кошаркарски турнир во Атина каде под отворено небо на познатиот стадион „Панатанико“ ќе ги пречека Партизан, Ефес и Макаби.
Ergin Ataman was ejected from the pre-season game against Maccabi 👀 pic.twitter.com/6MXztMlbYS
— BasketNews (@BasketNews_com) September 16, 2024