Кошаркарите на Панатинаикос, на гостински терен, ја победија Басконија со 86:84, во третото коло, во Евролигата. Натпреварот со звукот на сирената го реши Кендрик Нан.
Тимот на Ергин Атаман водеше тимот од самиот почеток, а во третата четвртина имаше предност и од 17 поени.
Домашните не се предадоа, ја стопија разликата, а потоа во финишот на четири секунди пред крајот, Форест намерно го промаши второто слободно фрлање, фати офанзивен скок и израмни.
Сепак, Кендрик Нан беше побрз од сирената и погоди тежок шут од далечина за победа. Нејасно е зошто домашните не направија фаул, бидејќи беа надвор од бонусот.
Нан беше најефикасен со 30 поени и шест скока. Осман му се придружи со 20 поени и осум скока, додека Ернангомез постигна 15 поени со 10 скока.
Басконија имаше неколку играчи со двоцифрен број поени. Дијало и гореспоменатиот Форест (6ск, 6ас) имаа по 15 поени, додека Луваву беше најефикасен со 16 поени.
Kendrick Nunn is not from this world🐐☘️. AURA✨. pic.twitter.com/4r46uQpCka
— Ángel Egusquiza González (@AngelEgusquiz86) October 9, 2025
Евролига, 3. коло:
Басконија – Панатинаикос 84:86
Армани – Монако 79:82
Партизан – Ефес 93:87
Париз – Виртус 90:79
Реал Мадрид – Асвел 85:72
петок:
19.45 Фенербахче – Црвена звезда
20.15 Олимпијакос – Дубаи
20.30 Барселона – Валенсија
20.30 Баерн – Жалгирис