Кошаркарот на Оклахома, Алекс Карусо, заработи техничка грешка на бизарен начин.
Актуелните НБА шампиони, Оклахома Сити Тандер забележаа победа во дуелот со Орландо Меџик, 113-108. Лајт мотив од натпреварот е Алекс Карусо, кој заработи техничка грешка на бизарен начин.
Уште еден доминантен настап имаше актуелниот МВП, Шеј Гилџис Александер, кој ја предводеше Оклахома до 54-та победа во сезоната со 40 поени и сега има серија од 129 натпревари со 20+ поени, од кои 61 на гостински терен, што е исто така рекорд во НБА.
Во овој натпревар видовме бизарна сцена во втората четвртина. Бекот на Оклахома, Алекс Карусо остана без една патика, немоќен да направи било што, со патиката го блокираше обидот на Тристан да Силва.
Кога судиите го погледнаа видеото, му доделија техничка грешка на Алекс Карусо и му ги признаа поените на Да Силва.
Alex Caruso went for the shoe block pic.twitter.com/0vtZKJqVJj
— Underdog NBA (@UnderdogNBA) March 18, 2026
