Натпреварот помеѓу Филаделфија и Сан Антонио Спарс го одбележаа неколку исклучувања и бизарни одлуки.
Во центарот на вниманието беше судијката Џенифер Шредер, која го исфрли Џоел Ембиид по жестока вербална расправија.
Втората ситуација се случи меѓу Андре Драмонд и Виктор Вембањама.
По кратката расправија меѓу кошаркарите, Спарс требаше да вратат топката во игра, а Вембањама реши да лажира контакт со Драмонд и без причина да падне на подот, меѓутоа, тој успеа да и ја продаде финтата на судијката Шредер, која го исклучи Драмонд.
Додека судиите ја прегледуваа снимката, Шредер му пријде на тренерот на Филаделфија Ник Нурс и му кажа кратко и јасно: „Јас зае..в“.
На крајот одлуката беше поништена, Вембањама доби неспортски фаул, а Драмонд се врати од соблекувалната и продолжи да игра.
Andre Drummond just got ejected off Victor Wembanyama flopping
yes… this actually happened pic.twitter.com/6BvoVCvLi4
— Ahmed/The Ears/IG: BigBizTheGod 🇸🇴 (@big_business_) December 24, 2024
За разлика од Драмонд, неговиот соиграч Џоел Ембид беше исфрлен од натпреварот. Ембид збесна по одлуката на судијката Шредер до тој степен што почна да и вика и премногу да и се доближува. Неговиот бес го спречија соиграчот Кајл Лаури, тренерот Ник Нурс и неговите помошници.
Филалдефија успеа да го победи Сан Антонио со 111:106.