Денвер Нагетс, без Никола Јокиќ славеа во Хјустон 106:101, а лидерот на западот, Оклахома во драматична завршница, благодарение на тројката на Алекс Карузо во Лос Анџелес ги совладаа Клиперси со 103:101, додека Ендру Вигинс со 42 поени го предводеше Мајами до победата над Шарлот со 122:105.
Џамал Мареј одигра еден од најдобрите натпревари во сезоната, во отсуство на повредениот Јокиќ го предводеше Денвер до победата во Тексас 106:101. Мареј мечот го заврши со 39 поени, четири скока и седум асистенции. Уште петмина кошаркари на Денвер постигнаа двоцифрен број на поени, Мајкл Портер забележа 17 поени и девет скока, Диандре Џордан имаше 11 поени и 15 скокови.
Турчинот Алперен Шенгун, центарот на домашната екипа, забележа трипл-дабл, 17 поени, 14 скока и 10 асистенции, а најефикасен со 30 поени беше Џејлен Грин.
Оклахома стави крај на серијата од пет победи во која беа ЛА Клиперси. Карузо го реши мечот во финишот, погоди тројка, со која Тандер славеа 103:101.
Најефикасен кај победниците беше Шеј Гилџес-Александер, кој се бори со Никола Јокиќ за МВП наградата на крајот од сезоната, со 26 поени (7/29 од поле, 1/7 од три), осум асистенции и три скока, а го следеше Арон Вигинс со 19/8 од поле и 19/19 поени од поле.
Кај домашниот тим најдобар беше Каваи Ленард со 25 поени и 10 скока, Џејмс Харден имаше 17 поени, осум асистенции и пет скока, додека хрватскиот центар Ивица Зубац постигна 15 поени и забележа 11 скока.
Резултати:
Детроит – Њу Орлеанс 136:130
Јута – Кливленд 91:120
Атланта – Филаделфија 132:119
Мајами – Шарлот 122:105
Портланд – Бостон 116:129
Торонто – Сан Антонио 89:123