Top Sport

(Видео) Богдановиќ влезе во историјата на СП

Српскиот кошаркар Богдан Богдановиќ со 21 поен ја предводеше својата репрезентација во импресивната четвртфинална победа над Литванија (87:68).

На Светските првенства Богдановиќ со 404 поени на вечната листа го престигна легендарниот Дражен Петровиќ.

Богдановиќ е само шестиот играч во 21 век со повеќе од 400 поени и е 20. стрелец на сите времиња на Светските првенства.

Исто така, Богдановиќ постигна најмалку тројка на последните 23 натпревари за Србија на Мундијалите.

На овој начин се израмни со Кирк Пени и го израмни рекордот стар 30 години.

Scroll to Top