Пресметката меѓу тренерот Кевин Снајдер и Богдан Богдановиќ го одбележа натпреварот во кој тимот од Џорџија победи на гостувањето во Чикаго (113:101).
За време на еден тајм-аут, српскиот кошаркар беше видно незадоволен, а бесот го истиру врз шише вода кое го фрли на подот.
Набрзо облече маица преку дресот и го зазеде неговото место на клупата, веројатно како последица на претходниот чин кој уште повеќе го налути српскиот кошаркар. Толку многу што стана и тргна кон тренерот Квин Снајдер и му се внесе во лицетот.
Богдановиќ му викаше на Снајдер постојано покажувајќи кон себе, на што мораа да реагираат соиграчите кои ги разделија. Набргу потоа, Богдан и Квин се поздравија, сфаќајќи дека сè е во жарот на битката.
Bogdan Bogdanovic and head coach Quin Snyder got into a heated exchange on the bench 👀pic.twitter.com/kDSDDoxuaT
— BasketNews (@BasketNews_com) April 2, 2024
Асот на Хокс имаше уште една одлична вечер, постигнувајќи 20 поени со само едно промашување (6/7 од поле, 2/2 од три, 6/6 од слободни фрлања) за 34 минути на паркетот. Тој имаше и четири скока и шест асистенции.
Го следеа Вит Крејчи со 18 поени, Дежонте Мареј со 17 и Клинт Капела со 15 (11 скокови).
Најдобар кај Чикаго беше Демар Дерозан со 31 поен.
Аталанта е 10-та во Источната конференција со 35 победи и 40 порази, а Чикаго е деветти во истата конференција со 36 победи и 40 порази.