Top Sport

(Видео) Бостон го згази Далас на стартот од финалето

Бостон Селтикс ги победија Далас Маверикс со 107:89 во првиот натпревар од финалето на НБА.

Селтикси ги збришаа Маверикс на отворањето на серијата, испраќајќи силна порака до тимот на Џејсон Кид.

Лука Дончиќ го испорача своето, постигна 30 поени, 12-26 од поле, но имаше само една асистенција, што само покажува дека Бостон не му дозволи да ги разигра соиграчите.

Најефикасен во победничкиот тим беше брилијантниот Џејлен Браун кој постигна 22 поени, заедно со шест скока, три украдени топки, три блокади и две асистенции, додека Порзингис постигна 20 поени за само 21 минута.

Одличен придонес дадоа и Вајт, Холидеј, Хорфорд, Хаузер… Интересно, Тејтум постигна само 16 поени со 6-16, но Бостон сепак му одржа лекција по кошарка на Далас.

Кај Маверикс потфрлија Ирвинг со 12 поени, 6-19 од поле, Џонс стрелаше само за 2-9, а центрите речиси и да немаа учинок.

Следниот натпревар се игра ноќта помеѓу недела и понеделник.

Scroll to Top