Бостон Селтикс ја победи Индијана со 114:111 во третиот натпревар од финалната плејоф серија на Источната конференција. Селтикс водат со 3-0 во серијата, една победа ги дели од пласман во големото НБА финале.
Бостон го слави Џру Холидеј, го фали целата кошаркарска јавност, поради дефанзивниот потег со кој го реши мечот на четири секунди до крајот – кога Пејсерси го започнаа последниот напад, за победа.
При водство на гостите со 112:111, Нембард се упати кон рекетот на Селтикс, на него цело време беше Холидеј, ја чекаше вистинската прилика и искористувајќи го моментот на деконцентрација на ривалот, со одлична реакција му одзеде чиста топка. Тргна во контра беше фаулиран од Сијакам и потоа ги реализираше двете слободни фрлања со кои стави точка на победата.
Џру мечот го заврши со 14 поени, не се прослави во шутот (1/6 за три), но ретко кој ќе го памети неговиот офанзивен настап, поради брилијантнатадефанзивна реакција.
Jrue holiday with the STEAL OF THE YEAR 🔥 pic.twitter.com/rIEoBMDN99
— NBACentel (@TheNBACentel) May 26, 2024
Во победничкиот тим уште еднаш брилјираше Џејсон Тејтум, овојпат со 36 поени, Џејлен Браун постигна 24, а можеби клучен играч на играта заедно со Холидеј беше Ал Харфрод кој постигна седум тројки од 12 обиди и мечот го заврши со 23 поени.
Овој квартет беше најзаслужен за големиот пресврт на Бостон кој се случи откако Пејсерси дојдоа до водство од 84:66 на средината на третата четвртина. Во поразениот тим убедливо најдобар беше Нембард со 32 поени, а Сијакам и Тарнер постигнаа по 22.