Top Sport

(Видео) Бостон славеа во Далас – Селтикс победа ги дели од 18.титула

Една победа го дели Бостон од 18. титула во НБА лигата. Селтикси го совладаа Далас Маверикс со 106:99 на гостински терен и сега водат со 3:0 во големото финале. Никој во историјата на најсилната кошаркарска лига во светот не се вратил од оваа негатива и стигнал до конечниот триумф.

Натпреварот имаше бурна завршница, но впечатокот е дека Селтикс го решија победникот во третата четвртина.

На полувремето Далас имаше поен предност, а потоа Селтикси го решија третиот период со 35:19 и во последните 12 минути влегоа со голема предност.

Ирвинг и Дончиќ дадоа се од себе и на четири минути до крајот го доведоа својот тим на минус 3 – 90:93. Тогаш Словенецот ја доби шестата лична грешка и тимот од Тексас остана без својот најдобар играч.

Мавси успеаја да стигнат до 98:100, но одговор имаа Тејтум и Браун, најдобрите играчи на Бостон и со серија од 6:0 ја обезбедија победата на својот тим.

Тејтум мечот го заврши со 31 поен, шест скока и пет асистенции, додека Браун забележа поен помалку со осум уловени и асистенции. Вајт броеше до 16, а успехот на Селтикси добива на значење ако се знае дека овој меч го одиграа без Порзингис, кој поради повреда се повлече два часа пред мечот.

На другата страна Ирвинг постигна 35 поени со три скока и две асистенции, додека Дончиќ заврши со 27 поени и по шест скока и асистенции за 37 минути.

Четвртиот и можеби решавачки натпревар се игра ноќта меѓу петок и сабота од 02:30 часот во Далас.

Scroll to Top