Top Sport

(Видео) Брејк на Детроит во Њујорк

Детроит Пистонс ја забележаа првата победа во НБА плејофот од мај 2008 година.

Пистонс го совладаа Њујорк Никс со 100:94 во „Медисон Сквер Гарден“ и израмнија на 1:1 во првото коло од Источната конференција.

Како и на првиот меч, Пистонс во последниот период од натпреварот влегоа со осум поени предност, но младиот тим од Детроит повторно им дозволи на Никс да врати во натпреварот со своите грешки и на нешто повеќе од минута до крајот домаќините израмнија на 94:94. Сепак, за разлика од првата средба во која му дозволија на ривалот да ја искористи таа динамика (Никс направија 21:0 во 4/4), овојпат Пистонс возвратија.

Денис Шрудер погоди тројка на 55 секунди до крајот за да ја прекине серијата од 15 порази во плејофот.

Кејд Канингем ги предводеше Пистонс со 33 поени (11/21 од поле), со 12 скока и три асистенции. Шрудер додаде 20 поени (3/5 тројки) со три загубени топки, додека Тобијас Харис со 15 поени и 13 скока и Џејлен Дурен со 12 поени и 13 скока со три блокади забележаа дабл-дабл.

На Никс не им помогнаа 37.поени на Џејлен Бренсон (12/27, 4/12 тројки), заедно со седум асистенции.

Микал Бриџис додаде 19 поени со пет скока и три украдени топки, додека Оу-Џи Ануноби, Карл-Ентони Таунс и Џош Харт постигнаа по 10 поени.

Scroll to Top