Актуелните шампиони Денвер Нагетс, со пораз ја започнаа полуфиналната серија во Западната конференција. Во „Бол арена“, Дебевер доживеа пораз од Минесота Тимбервулвс 99:106.
Денвер одигра далеку под просекот, со лоши проценти на реализиција и Вулвс апсолутно заслужено победија.
Јокиќ постигна 32 поени, имаше осум скока и девет асистенции, но загуби и седум топки, притоа шутираше 11/25 од поле.
Ниту Џамал Мареј не се прослави во шутот со 6/14 и 17 поени, додека Портер Јуниор натпреварот го заврши со 20 поени, со реализација 6/13.
Кај гостите од Минесота се истакна Ентони Едвардс со 43 поени, Таунс постигна 20, но многу важна улога имаше Наз Рид со 16 поени, од кои 14 во последниот дел, како и Руди Гобер со два многу важни коша во клучните моменти од натпреварот.
Едвардс стана вториот играч на 22-годишна возраст или помлад, по Коби Брајант, кој има два последователни натпревари во плејофот со повеќе од 40 поени.