Кошаркрите на Лос Анџелес Лејкерс ја забележаа шестата победа во последните седум натпревари. „Езерџиите“ славеа кај десеткуваните Шарлот Хорнетс со 121:111.
Тимот од Лос Анџелес до победата го предводеше расположениот Лука Дончиќ со 38 поени, а Руи Хачимура одигра клучна улога во моментите кога Лејкерси го решаваа прашањето околу конечниот победник.
Лука Дончиќ повторно овозможи вечер за паметење, водејќи ги Лејкерси со 38 поени, пет тројки и низа атрактивни потези. Словенечкиот ас ја воодушеви публиката со моќно забивање со две раце.
Остин Ривс му беше поддршка со 24 поени.
Исто така се истакна и Хачимура која во третиот период, кој Лејкерси го добија убедливо со 31:15, постигна 13 од своите 21 поени.
Хорнетс, кои беа без Ламел Бол и Брендон Милер, се бореа жестоко. Ги предводеше Мајлс Бриџис со 34 поени и седум тројки, од кои 16 постигна во првата четвртина. Дебитантот Кон Кнуепел исто така одигра одличен натпревар, а со 19 поени, 10 скока и девет асистенции беше на работ на својот прв трипл-дабл во кариерата.
Кошаркарите на Орландо го победија Портланд во трилер завршница со 115:112.
Херој на Меџик беше Дезмонд Бејн, кој погоди тројка, преку рака, со звукот на сирената.
Паоло Банкеро беше најефикасен во Орландо со 28 поени и девет скока, херојот Бејн го следеше со 22 поени и седум асистенции, Вендел Картер и Франц Вагнер постигнаа по 19 поени.
Кај Портланд се истакнаа Шадон Шарп со 31 поен, односно Дени Авдија со 27 поени, пет скока и пет асистенции.
DESMOND BANE INSANE GAME-WINNER!!! 😱🤯 pic.twitter.com/E3izivcTpu
— Bleacher Report (@BleacherReport) November 11, 2025
Феникс беше убедлив против Њу Орлеанс (121:98). Најдобриот меч во кароерата го одигра Грејсон Ален, кој буквално го затрупа кошот на Пеликанс.
Ален постигна 10 тројки од 15 обиди и го заврши натпреварот со 42 поени, четири асистенции, два скока и три украдени топки.
