Top Sport

(Видео) Дебитантот на Филаделфија е првиот херој на Ол-стар викендот

Тимот Винс, предводен од легендарниот Винс Картер како почесен тренер, го освои турнирот „Rising Stars“ како дел од НБА Ол-стар викендот 2026. Во трилер завршница, Тим Винс го победи Тим Мело со резултат од 25:24.

Турнирот „Rising Stars“ се одржа во домот на Лос Анџелес Клиперс, како дел од НБА Ол-стар викендот 2026.

Системот на натпреварување се состоеше од две полуфиналиња, кои се играа до 40 поени, и финалето до 25 поени.

Три екипи составени од најдобрите дебитанти и кошаркари кои во лигата ја играат втората сезона, заедно со еден тим од Џи-лигата, се бореа за трофејот, а на крајот, пехарот заврши во рацете на Тим Винс – благодарение на Ви-Џеј Еџкомб.

Еџкомб, при резултат 24:23, ја презеде одговорноста за својот тим и постигна два поени од линијата за слободни фрлања за конечни 25:24.

Еџкомб беше прогласен за MВП на турнирот, откако постигна 17 поени во полуфиналето и додаде уште 6 во финалето.

Тимот Винс претходно го елиминираше тимот Ти-Мек во полуфиналето, предводен од Трејси Мекгрејди, кој поведе со 15:7, но ривалот возврати со серија од 10:0 на крајот и победи со 41:36.

Еџкомб ги постигна сите последни 10 поени на својот тим и го заврши натпреварот со 17 поени (6/8 од играта).

Во другото полуфинале, тимот на Тим Мело, предводен од Кармело Ентони, славеше по голем пресврт над Тим Остин составен од играчи од Развојната лига, Џи-лига. Тим Остин водеше со 32:28, но Тим Мело со серија 12:2 ја обезбеди победата.

Scroll to Top function disable_right_click() { echo ""; } add_action('wp_footer', 'disable_right_click');