Третиот пораз на Денвер Нагаетс и поразот на лидеот Оклахома ги обележаа натпреварите во НБА лигата.
Денвер во Њујорк го забележа третиот пораз во низа. Претходно нагетс беа поразени д Минесота и Чикаго. Никол Јокиќ во првите 90 секунди направи две лични грешки. Во првиот дел одигра само девет минути. Мечот го заврши со за него скроми 17 поени и по шест скока и асистенции.
Џамал Мареј ја презеде одговорноста, постигна 33 поени, Ерон Гордон уфрли 15, а Расел Вестбрук забележа по 14 поени и скокови.
Џејлен Брунсон авторитативно го предводеше Њујорк со 30 поени (17 постигна во третата четвртина), О-Џеј Ануноби го заврши натпреварот со 23 поени, Џош Харт имаше 15, Микал Бриџис 13 поени.
Оклахома сити тандер, лидеорт во лигата, деветтиот пораз во сезоната го забележа во Сан Франциско. Стеф Кари ги предводеше Вориорс до поебдата 116:109.
Залудни беа 52. поени на Шеј-Гилџес Александер. Кандидатот за МВП наградата, во првата четвртина постигна 21 поен, еден повеќе од целиот тим на Вориорс. Вориорс го предводеа Ендрју Вигинс со 27 и кари со 21 поен.
Резултати:
Вашингтон – Торонто 80:104
/Кузма 19 – Барнс 24/
Шарлот – Бруклин 83:104
/Бриџис 23 – Џонсон 18/
Индијана – Детроит 133:119
/Сијакам 37 – Канингем 32/
Бостон – Чикаго 122:100
/Порзингис 34 – Вајт 16/
Мајами – Кливленд 106:126
/Хиро 22 – Мичел 34/
Филаделфија – Сакраменто 117:104
/Макси 30 – Монк 21/
Њу Орлеанс – Далас 136:137
/Марфи 32 – Ирвинг 35/
Сан Антонио – ЛА Клиперс 116:128
/Вембањама 23 – Ленард 27/
Феникс – Минесота 113:121
/Дјурант 33 – Едвардс 33/