Top Sport

(ВИДЕО) Денвер го освои Лос Анџелес и дојде на чекор до големото финале

Денвер Нагетс го освои Лос Анџелес победувајќи го ЛА Лејкерс на гости со 108:119 и поведе со 3-0 во серијата од финалето на Западот во НБА лигата. Џамал Мареј и Никола Јокиќ беа предводници на тимот на Денвер нагетс, на кој му недостига само уште еден чекор до прво големо финале во клупската историја.

Ниту еден тим во историјата на плеј-офот во НБА лигата нема испуштено ваква предност и тоа значи дека мисијата на Леброн Џејмс и соиграчите сега веќе станува екстремно тешка.

Џамал Мареј постигна 37 поени и беше прв стрелец на Денвер, а Јокиќ додаде 24 поени, со осум асистенции и со шест скока.

Ентони Дејвис со 28 поени и 18 скока беше најефикасниот кошаркар кај ЛА Лејкерс.

Scroll to Top