Top Sport

(Видео) Денвер ја прегази Оклахома, Јокиќ со дабл-дабл

Актуелните шампион во НБА лигата, Денвер Нагетс убедливо славеа во Оклахома сити, против Тандер со 128:95. Денвер во три четвртини направи убедлива предност, поради што Јокиќ и останатите стартери воопшто не играа во последниот период.

Јокиќ за 30 минути игра постигна 28 поени (12-16 од поле), 14 скока и пет асистенции и со тоа го предводеше тимот до третата победа, во исто толку натпревар од почетокот на сезоната.

За разлика од Јокиќ, најдобриот играч на Тандер, канадскиот репрезентативец Шај-Гилџис Александер имаше катастрофална партија, погоди само два од 16 шута и мечот го заврши со седум поени.

Во редовите на Денвер се истакнаа Мајкл Портер Јуниор со 20 поени, девет скока и две асистенции и Џамал Мареј со 19 поени, два скока и осум асистенции. Пејтон Вотсон постигна 17, а Кристијан Браун 13 поени.

Најдобар играч во тимот на Тандер беше Чет Холмгрен, кој постигна 19 поени и забележа четири скока.

Scroll to Top