Top Sport

(Видео) Денвер лесно се справија со Мајами, ги загрижи повредата на Мареј

Денвер Нагетс во реприза на минатогодишната финална серија во НБА лигата славеа над Мајами Хит со 103:97.

Денвер се трети во Западната конференција со 41 победа и 19 порази, два повеќе од прволпасираните Минесота Тимбервулвс.

Победата на Нагетс над Мајами ја засени повредата на Џамал Мареј. Вториот најдобра играч на Денвер го повреди скочниот зглоб, теренот го напушти во 14 минута. Нагетс дополнително ќе информираат колку е тешка повредата.

Денвер до победата го предводеше Мајкл Портер Јуниор со 30 поени. Никола Јокиќ, откако на последните три натпревари имаше трипл-дабл, против Мајами имаше учиној од 18 поени, 11 скока и седум асистенции.

Мајами го предводеа Бем Адебајо со 22 поени и осум скока, односно Џими Батлер со 21 поен и седум скока.

Резултати:

Шарлот – Милвоки 99:111
Орландо – Јута 115:107
Бруклин – Атланта 124:97
Њујорк – Голден Стејт 99:110
Сан Антонио – Оклахома 132:118
Феникс – Хјустон 110:105
ЛА Лејкерс – Вашингтон 134:131

Scroll to Top