Top Sport

(Видео) Денвер на погон на Јокиќ, Мареј и тивкиот херој Стротер ја победи Оклахома

Кошаркарите на Денвер Нагетс ги победија Оклахома Сити Тандер со 119:107 во шестиот натпревар од второто коло од плејофот.

Атмосферата во Денвер ја „проголта“ Оклахома и ги однесе Нагетс до победа и мајсторка, која ќе реши која екипа ќе се бори за титулата на Западот.

Никола Јокиќ уште еднаш беше маестрален. Натпревар достоен за почит, речиси трипл-дабл од српскиот центар и натпревар во кој запиша 29 поени, 14 скока и 8 асистенции.

Џамал Мареј, кој беше под знак прашалник за овој натпревар, беше еден од хероите на Нагетс, го започна натпреварот со 11 поени во првата четвртина, а имаше вкупно 25 со 8 скока и 7 асистенции.

Херој од сенка беше Џулијан Стротер, кој постигна осум поени на крајот од третата четвртина (вкупно 15) и им помогна на Нагетс да направат разлика од која Оклахома не успеа да се врати.

Покрај Јокиќ и Мареј, 20+ поени постигна Кристијан Браун (23 поени, 11 скока и 5 асистенции), Мајкл Портер Џуниор додаде 10 поени.

На спротивната страна, кандидатот за MВП, Шеј Гилџес-Александер одигра одличен натпревар, уште еднаш, постигна 32 поени со 3 скока и 6 асистенции, додека Чет Холмгрен имаше 19 и 11 скока, а Карузо, Лу Дорт и Волас постигнаа по 10 поени.

Седмиот решавачки натпревар е закажан за недела во 21:30 часот. на теренот на Оклахома Сити Тандер.

Scroll to Top