Top Sport

(Видео) Денвер со тешка мака ги победи десеткуваните Лејкерси

Денвер Нагетс славеа во дербито против ЛА Лејкерс со 131:126. Нагетс се зацврстија на втората позиција во Западната конференција, го добија дуелот со директниот ривал кој на овој натпревар играше без цела една петорка. Изминатата ноќ најдобриот тим во лигата Кливленд Кавалирс ја продолжи победничата серија. 16.победа во низа Кавалирс ја забележаа во Мемфис.

Џамал Мареј со тројка на пет секунди до крајот стави точка на победата на Денвер против Лејкерси во чии редови ги немаше Лука Дончиќ, Леброн Џејмс, Руи Хачимура, Џексон Хејс, Гејб Винсент и Доријан Фини-Смит.

Мареј мечот го заврши со 26 поени, два помалку од најефикасниот играч на Денвер Никола Јокиќ. Србинот мечот го зарши со 28 поени, осум скока и пет асистенции. Најблиску до овие двајца беше Кристијан Браун со 22 поени.

Кај Лејкерси се истакнаа Остин Ривс со 37 поени (13/26 од поле), осум скока и 13 асистенции, односно Далтон Кнект со 32 поени и Шејк Милтон, кој постигна 16 поени.

Кливленд делува незапирливо, а тоа го потврдија со 56. сезонска победа. Овојпат Кавалирс победија на гости кај Мемфис Гризлис 133:124. 22 поени и 11 скока забележа Еван Мобли, додека Гарланд запиша 20 поени и девет асистенции.

На Мемфис не му помогна ниту извонредниот настап на Џа Морант, кој мечот го заврши со 44 поени, осум скока и седум асистенции Но, ја немаше соодветната поддршка од соиграчите.

Резултати:

Мајами – Бостон 91:103
/Вигинс 23 – Тејтум 28/

Филаделфија – Индијана 100:112
/Доутин 24 – Сијакам 27/

Атланта – ЛА Клиперс 98:121
/Оконгву 18 – Харден, Ленард 25/

Сан Антонио – Шарлот 134:145
/Кесл 26 – Бол 27/

Минесота – Орландо 118:111
/Едвардс 28 – Банкеро 43/

Хјустон – Далас 133:96
/Езона 30 – Вилијамс 25/

Јута – Торонто 118:126
/Кларксон 19 – Квикли, Барнс 20/

Феникс – Сакраменто 122:106
/Букер, Дурант 22 – Дерозан 23/

Scroll to Top