Денвер Нагетс ги победија Лос Анџелес Клиперс со 120:101 во решавачкиот седми натпревар од првото коло од плејофот на Западната конференција.
Нагетс славеа благодарение на изворедната игра во третиот период, направија серија 17:0 кога стекнаа предност од 28 поени (82:54).
Екипата на Дејвид Аделман рутински ја одржуваше предноста до крајот, и покрај раниот петти фаул на Никола Јокиќ, кој мораше да ја напушти играта три минути пред крајот на третата четвртина за да ја избегне шестата лична грешка.
Јокиќ, најдобриот кошаркар во светот не одигра премногу ефикасна игра, но не ни мораше кога остатокот од тимот беше расположен.
Јокиќ го заврши натпреварот со 16 поени, 10 скока и осум асистенции. Покрај него, дури петмина кошаркари на Денвер имаа двоцифрен учинок. Гордон постигна 22 поени, Браун 21, Вестбрук и Мареј постигнаа по 16, а Портер Јуниор 15 поени.
Во поразениот тим, Џејмс Харден потфрли (седум поени, 2-8 од поле), Леонард постигна 22 поени, додека Богдан Богдановиќ постигна 12 поени, со 5-9 шут од поле.
Оклахома Сити Тандер, најдобриот тим од лигашкиот дел од сезоната, ги чека Денвер Нагетс во полуфиналето на Западот. Тандер се одморни, со резултат од 4-0 против Мемфис, се пласираа во полуфиналето. Првиот натпревар се игра ноќта помеѓу понеделник и вторник.