Top Sport

(Видео) Денвер загуби од Мемфис, Јокиќ „продаде“ 10 топки

Кошаркарите на Денвер беа поразени од Мемфис со 125:118 во НБА лигата. Нагетс го забележаа 29-от пораз во сезоната и уште еднаш покажаа дека немаат капацитет да се вмешаат во борбата за трофејот оваа сезона. Мемфис од друга страна ја прекина серијата од осум порази, тие се 11-ти на Западот со мали шанси да изборат место во плејофот.

На Денвер не им помогна уште една МВП партија на Никола Јокиќ, кој беше најдобар во со 29 поени, 14 скока и девет асистенции.

Му недостасуваше една асистенција за шестиот трипл-дабл во последните осум натпревари. Во суштина, тој забележа трипл-дабл. .

Имено, српскиот центар пополни три колони со двоцифрени бројки бидејќи запиша десет изгубени топки, што никогаш не му се случило во кариерата.

Кристијан Браун беше втор стрелец на Денвер со 26 поени, имаше и седум скока и пет асистенции. Камерон Џонсон постигна пет тројки од шест шута против Денвер, завршувајќи го натпреварот со 20 поени.

Од друга страна, тимот од Тенеси овој пат имаше посилни адути и шест „двоцифрени“. Тај Џером ги предводеше со 21 поен и пет тројки од осум шута.

Оливие-Максенс Проспер беше на висина на задачата со 19 поени (3/5 за три), Грегори Џексон даде 16, Седрик Кауард 15 поени.

НБА, резултати:

Бостон Селтикс – Голден Стеј Вориорс 120:99
Брулин Нетс – Оклахома Тандер 92:121
Индијана Пејсерс – Портланд Блејзерс 119:127
Чикаго Булс – Торонто Репторс 109:139
Минесота Тимбервулвс – Јута Џез 147:111
Њу Орлеанс Пеликанс – ЛА Клиперс 124:109
Далас Маверикс – Атланта Хокс 120:135
Хјустон Рокетс – ЛА Лејкерс 116:124

Scroll to Top function disable_right_click() { echo ""; } add_action('wp_footer', 'disable_right_click');