Заврши вториот натпревар од финалната серија на српската Суперлига меѓу Партизан и Црвена звезда, но на досега невиден начин.
Партизан водеше со 12 поени разлика (57:45), но, како што стојат работите Црвена звезда ќе слави победа и ќе ја освои титулата.
Што всушност се случи?
Откако се испразни салата поради навреди кон претседателот на Црвена звезда Небојша Човиќ, играчите на Црвена звезда го напуштија теренот чекајќи да се испразни салата.
Кошаркарите и навивачите на Партизан одбија, да играат пред празни трибини, па беше донесена одлука натпреварот да продолжи следниот ден.
Сепак, таа одлука не беше официјална и кога салата се испразни, играчите на Црвена звезда се вратија на паркетот.
Потоа дојдоа судиите и почна одбројувањето, 15-те минути кои ги добија кошаркарите на Партизан да се вратат на теренот и натпреварот да продолжи.
Бидејќи црно-белите не се појавија, а беа присутни црвено-белите, судиите и делегатите тоа го забележаа во извештајот.
Vreme je isteklo, košarkaši Crvene zvezde su napustili parket… pic.twitter.com/MTYWD7ObKd
— B92 Sport (@b92sport) June 5, 2024
Одлуката ќе ја донесе директорот на лигата на состанокот што ќе се одржи утре, а потоа, најверојатно, ќе ја објави победата на Звезда од 20:0, што ќе значи и нова титула шампион на Србија.