Детриот Пистонс и Кливленд Кавалирс се пласираа се полуфиналисти во Источната конференција, откако во мајсторките, на домашен терен славеа против Орландо Меџик, односно Торонто Репторс.
Кошаркарите на Кливленд го елиминираа Торонто, со победа од 114:102 во седмиот натпревар од серијата.
Репторс добро се држеа во првото полувреме, имаа постојана предност, во еден момент дури и двоцифрена.
Кливленд одиграа брилијантно во третата четвртина, кога се одлепија на +19. На почетокот на четвртата четвртина, разликата беше +22.
Ален беше најефикасен со 22 поени и дури 19 скока, Мичел постигна 22 поени, додека Харден имаше 18 поени и шест скока.
За Репторс се истакнаа Барнс со 24 поени, девет скока и шест асистенции и Барет со 23 поени, шест асистенции и четири скока.
Кливленд го игра својот прв натпревар против Детроит, на гости, во среда во 1 часот.
Детроит Пистонс успеаја да ги елиминираат Орландо Меџик во првото коло од плејофот откако славеа со 116:94.
Орландо пружи силен отпор во текот на серијата, но во решавачкиот, седми натпревар, беше ослабен од неиграњето на Франц Вагнер, што на крајот се покажа како голем хендикеп.
Решавачките моменти се случија на почетокот на второто полувреме. Детроит веќе имаше двоцифрена предност на паузата, а во третата четвртина го зголеми ритамот и стигна до плус 20, што практично го реши прашањето за победникот.
Најголем отпор во редовите на Орландо пружи Паоло Банкеро, кој го заврши натпреварот со 38 поени, девет скока и шест асистенции, но немаше соодветна поддршка од своите соиграчи.
На другата страна, Кејд Канингем се истакна со 32 поени и 12 асистенции, како и Тобијас Харис кој додаде 30 поени и беше еден од клучните фактори во победата.
