Лос Анџелес Клиперс ги победија Шарлот Хорнетс со 131:116 во европскиот термин.
Нaтпреварот во Шарлот го обележа ветеранот Џејмс Харден. 36-годишникот постигна 55 поени.
Харден влезе во историјата на франшизата, само во првата четвртина постигна 27 поени. Ефемтот можеше да биде и подобар доколку не промашеше две слободни фрлања во овој период од играта.
Тука не застана, постигна неверојатни десет тројки и 55 поени, а ова е 25-ти пат во неговата кариера да има натпревар со најмалку 50 постигнати поени.
Покрај 55 поени, Џејмс имаше и три скока и седум асистенции и само две изгубени топки.
Поддршка доби од Ивица Зубац со 18 поени, осум скока и шест асистенции, а двоцифрен ефект имаа и Брук Лопез и Коби Сандерс, двајцата постигнаа по 11 поени.
Во редовите на Шарлот најефикасен беше Кон Кнуепел со 26 поени, 21 постигна Брендон Милер, 19 Мајлс Бриџис.
