Кошаркарите на Олимпијакос го победија Панатинаикос во „ОАКА“ Арената со 99:88 и поведоа со 2:1 во финалната плејоф серија од грчкото првенство.
Тимот од Пиреја една победа го дели од титулата, а ќе има можност да дојде до неа пред своите навивачи во салата „Мир и пријателство“ за два дена.
Третиот натпревар од серијата, да потсетиме, се играше во нов термин откако грчката влада ја суспендира серијата, поради инцидентите, на и вон теренот, во вториот натпревар.
Дури откако челниците на двата клуба беа на „пеење“ кај министерот за спорт, серијата продолжи. Сепак и третиот меч не можеше да мине без инциденти.
Врвот на нервозата се случи на почетокот на последната четвртина, во моментот кога гоститестекнаа убедлива предност.
Кендрик Нан го запре Еван Фурние во контранапад, на див и неконтролиран начин. Фурние заврши во рекламите, но возврати штом стана.
Натпреварот беше прекинат десет минути, додека страстите на теренот и на трибините не се смирија.
Имаше индикации дека судиите ќе го прекинат и овој дуел бидејќи навивачите на Панатинаикос од првите редови се обидоа да се справат со францускиот кошаркар кој одговори на провокациите.
Фурние беше исклучен поради неспортско однесување, а интересно тоа не се случи со Нан.
Tension between Kendrick Nunn and Evan Fournier😳#basketballmaniacs #basketball #paobc #olympiacosbc #greece pic.twitter.com/B5BqN7h2xQ
— Basketballmaniacs_ (@bballmaniacs_) June 6, 2025