Top Sport

(Видео) Доминација на Европејците во НБА лигата

Уште една ноќ во НБА лигата мина во знакот на кошаркарите од Европа. Двајца забележаа по трипл-дабл, Никола Јокиќ постигна 42 поени, а Виктор Вембањама беше блиску до квадрупл-дабл (двоцифрени бројки во четири статистички категории).

Литванецот, Домантас Сабонис постигна 22 поени, 20 скока и девет асистенции во победата на Сакраменто Кингс над Лос Анџелес Клиперс со 109:95.

„Кралевите“ се во жестока трка со Њу Орлеанс Пеликанс и Феникс Санс за шестото место, кое обезбедува дирктен пласман во плеј-офот. Диарон Фокс постигна 20, а Киган Мареј 19 поени за „кралевите“, додека Клиперси беа без Кави Ленард, кој се повреди во текот на натпреварот.

Лука Дончиќ, реално единствениот конкурент на Јокиќ во трката за МВП наградата, утрово во Сан Франциско го забележа својот 20-ти трипл-дабл сезонава. Далас Маверикс загубија од Голден стејт Вориорс со резултат 104:100.

Тоа беше крај на серијата од седум победи на Мавс.

Словенецот, водечки стрелец во лигата со просек од 33,9 поени (со 9,1 скока и 9,8 асистенции), забележа 30 поени, 12 скока и 11 асистенции против Вориорс, што беше 48-ми пат оваа сезона кога постигнува 30 или повеќе поени во еден натпревар.

Сабонис е лидер во лигата по бројот на трипл-дабл натпревари (26), пред Јокиќ (23) и Дончиќ (20).

Јанис Адетокумбо забележа трипл-дабл во поразот на Милвоки Бакс од Вашингтон Визардс со 113:117. Гркот имаше учинок од 35 поени, 15 скока и десет асистенции.

Со 42 поени, 16 скока и шест асистенции на Никола Јокиќ го предводеше Денвер до победата 110:105 над Сан Антонио Спарс. Блескаше кај Сан Антонио, Виктор Вембањама со 23 поени, 15 скока, осум асистенции и девет блокади, од кои три беа над Јокиќ.

Scroll to Top