Top Sport

(Видео) Дончиќ доминираше против Јута, Торонто ја продолжи победничката серија

Седум натпревари се одиграа изминатата ноќ во НБА лигата. најдраматично беше во Солт Лејк Сити, Лејкерси славеа победа над Јута Џез 108:106.

Кошаркарите на Јута му пружија сериозен отпор на фаворизираниот противник, кој се потпираше на своите најдобри играчи, а кога беше најтешко, Лука Дончиќ ја зеде работата во свои раце и ја донесе победата. Патем, на овој натпревар играше и Леброн Џејмс, кој се врати на паркетот по повреда.

Лејкерси имаа предност во поголемиот дел од средбата, но не успеаја да создадат значајна разлика со која би го решиле натпреварот.

Во самиот финиш, Јута го намали водството на гостите со серија од 12:2, а со тројката на Марканен се доближија на еден поен разлика на 41 секунда до крајот.

Дончиќ постигна два поени за Лејкерси од линијата за слобони фрлања, а Џорџ го промаши шутот за победа на домашните.

Словенечкиот ас беше најефикасен со 33 поени и 11 скока, Ривс имаше 22 поени и 10 скока, а Леброн Џејмс додаде 17 со осум асистенции.

Кај Јута се истакнаа Кејонте Џорџ со 27 поени, Марканен 20, Микаилјук 12 и Нуркиќ 11 и 10 скока.

Торонто Репторс ја забележаа седмата победа во низа, 11-та во последните 12 натпревари. Торонто го победија Бруклин на домашен терен со резултат од 119:109.

Скоти Барнс со 17 поени беше најефикасен во редовите на победничкиот обем, додека Џејкоби Волтер и Ај Џеј Барет го следеа со по 16 поени.

Во тимот на Бруклин, најдобри беа Тајрис Мартин со 26 и Мајкл Портер со 25 поени.

Торонто се втори во Источната конференција со 12 победи и пет порази. Бруклин се претпоследни со само три победи во 16 одиграни натпревари.

Резултати:

Бостон – Орландо 138:129
/Браун 35 – Хауард 30/

Кливленд – ЛА Клиперс 120:105
/Мичел 37 – Зубац 33/

Атланта – Шарлот 113:110
/Џонсон 28 – Кнупел 28/

Оклахома – Портланд 122:95
/Гилџис Александер 37 – Грант 21/

Феникс – Сан Антонио 111:102
/Брукс 25 – Фокс 26/

Scroll to Top