Лука Дончиќ, потврди дека игра во животна форма, откако ги предводеше Лејкерси до победата над Хјустон Рокетс (100:92). Ова е шеста победа на Лејкерс по ред и деветта во последните десет натпревари.
Дончиќ беше најефикасниот играч на натпреварот со 36 поени (14/27 шут од поле). Додаде шест скока, четири асистенции и две украдени топки.
Со својот настап против Хјустон, Дончиќ го израмни рекордот на легендата на Лејкерс. Словенецот сега има 52 натпревари со 30 поени, колку што постигна и Џејмс Ворти.
Дончиќ застана покрај уште една легенда на еден од најголемите клубови и најсилната лига. Словенецот е најдобар стрелец во НБА оваа сезона, со просек од 32,8 поени по натпревар. Тоа се најдобрите бројки на играч на Лејкерси уште од времето на Коби Брајант во 2006 година.
Дончиќ во Хјустон беше следен од Леброн Џејмс со 18 поени и пет скока и асистенции, Остин Ривс со 15 поени, пет асистенции и четири украдени топки.
Хјустон го предводеа Џабари Смит со 22 поени и осум скока и Амен Томпсон со 19 поени, 12 скока и пет асистенции. Кевин Дурант постигна 18 поени и додаде пет скока. Алперен шенгун поради болки во грбот не играше.
Резултати:
Атланта – Орландо 124:112
/Александер Вокер 41 – Банкеро 18/
Вашингтон – Голден Стејт 117:125
/Кулибали 21 – Порзингис 30/
Бостон – Феникс 120:112
/Браун 41 – Букер 40/
Бруклин – Портланд 95:114
/Џонсон 17 – Авдија 18/
Чикаго – Мемфис 132:107
/Бузелис 29 – Кауард 17/
Њу Орлеанс – Далас 129:111
/Вилијамсон 27 – Маршал 32/
ЛА Клиперс – Сан Антонио 115:119
/Гарланд 25 – Касл 23/
