Top Sport

(Видео) Дончиќ го сруши Сакраменто, па го прозва Дивац за драфтот

Лука Дончиќ ги постигна последните поени на мечот за Далас Маверикс во победата од 107:103 над Сакраменто Кингс претходната вечер.

Откако Данте Ексум ја постигна решавачката тројка со која го скрши отпорот на „кралевите“, Дончиќ од линијата за слободни фрлања стави точка на триумфот на Далас.

Во таа прилика направи нешто што малкумина го очекуваа. Постигна кош, се сврте кон Владе Дивац, поранешниот генерален менаџер на Сакраменто и го впери прстот кон него и му нешто му дофрли.

Додека одеше кон клупата неколку пати им рече на соиграчите:

„Требаше да ме драфтува!“

Дончиќ беше избран како трет пик на драфтот од страна на Атланта Хокс, но веднаш беше трејдуван во Далас Маверикс.

Пред драфтот прогнозите беа дека токму Сакраменто ќе го изберат Дончиќ, но Дивац се реши да го избере Диерон Фокс.

Очигледно Лука не го заборавил тоа и ја искористи оваа прилика јавно да му каже на Дивац што мисли.

Инаку, Дончиќ на овој меч постигна 26 поени, имаше 12 асистенции и девет скока.

Scroll to Top