Top Sport

(Видео) Дончиќ и Ирвинг ја декласираа Минесота и закажаа финале со Бостон

Далас Маверикс трет пат во историјата на франшизата ќе се борат за титулата во НБА лигата. Маверикс со 4:1 ја добија финалната серија на Западот. Петтиот меч против Минесота го добија со 124:103.

Посебно инспириран, насмеан и расположен за кошарка беше Лука Дончиќ, кој ги испрати „волците“ на летен одмор со 36 поени, од кои 20 во првата четвртина во која Маверикс поведоа со 19:35 и практично го решија прашањето на победникот.

Откако ги прозва сите во салата, вклучително и Снуп Дог, и го закажа големото финале со Бостон Селтикс, Лука се напи пиво во друштво на својот татко Саша Дончиќ.

Словенецот го доби трофејот „Меџик Џонсон“ за МВП на финалето во Западната конференција.

Неговата работа уште повеќе ја олесни Кајри Ирвинг, кој исто така постигна 36 поени,

На спротивната страна по 28 поени постигнаа Ентони Едвардс и Карл Ентони Таунс. Останатите играчи потфрлија, следен играч со најмногу поени беше Руди Гобер, кој запиша девет поени за 27 минути поминати на паркетот.

Големото финале ќе започне на 6 јуни, а првите два натпреваир ќе се одиграат во Бостон.

Scroll to Top