Лос Анџелес Лејкерс ја победија Минесота со 120:106, изминатата ноќ во НБА лигата.
Натпреварот го обележа Лука Дончиќ, забележа трипл-дабл со 31 поен, 11 скока и асистенции.
По изедначеното прво полувреме, Дончиќ го засили темпото и почна да ја растура одбраната на гостите, која не можеше да најде решенија за него.
Покрај Дончиќ, за Лејкерси се истакнаа Ривс со 31 поен, седум скока и осум асистенции, Ејтон со 14 поени и 12 скока и Кенард со десет поени.
Ентони Едвардс постигна 14 поени за Минесота, но бругу ќе го заборави овој натпревар, бидејќи шутираше 2/15 од поле. Џулиус Рендл исто така придонесе со 14 поени, Рид и Досунма имаа по 13 поени, а Хајленд забележа 11 поени.
НБА, резултати:
Филаделфија – Мемфис 139:129
Атланта – Далас 124:112
Бруклин – Детроит 100:138
Мајами – Вашингтон 150:129
Хјустон – Торонто 113:99
Милвоки – Феникс 114:129
Сан Антонио – Бостон 125:116
Голден Стејт – Чикаго 124:130
Портланд – Шарлот 101:103
Сакраменто – Индијана 114:109
ЛА Лејкерс – Минесота 120:106
Foto/ depositphotos
