Top Sport

(Видео) Драма во „Медисон Сквер Гарден“, Нујорк од -17 до триумф над Кливленд

Кошаркарите на Њујорк го победија Кливленд на свој паркет (126:124), во првиот натпревар од божиќната програма во НБА лигата.

Тимот на Мајк Браун успеа да надомести негатива од 17 поени во последната четвртина и по мини-драма во финишот, да стигне до втората победа над Кавси во сезоната.

Бренсон беше најефикасен со 34 поени и четири асистенции. Херој од сенка беше Колек со 16 поени, девет асистенции и три скока, а Кларксон имаше значаен придонес со 25 поени.

Мичел се истакна за Кавалирс со 34 поени, шест скока и шест асистенции. Гарланд додаде 20 поени и 10 асистенции, Тајсон 16 поени и шест скока, а Мобли 14 поени и девет скока.

Никс се втори во Истокот со резултат од 21-9, додека Кавалирс се седми со учинок од 17-15.

Scroll to Top function disable_right_click() { echo ""; } add_action('wp_footer', 'disable_right_click');