Top Sport

(Видео) Драматична победа на Денвер во Бостон

Денвер Нахетс запишаа драматична победа во Бостон 102:100, предводени од Никола Јокиќ и Џамал Мареј. Нагатес со овој триумф ја прекинаа серијата од 20 последователни победи на Бостон на домашен терен.

Јокиќ натпреварот го заврши со 34 поени, 12 скока и девет асистенции. Српскиот центар 15 поени постигна во првиот период. Најефикасен кај Денвер Беше Мареј со 35 поени.

Победата на Денвер му ја донесоа Арон Гордон и Мајкл Портер јуниор, тие двајца ги постигнаа последните поени на мечот. Џејсон Тејтум на две секунди до крајот имаше шут за победа на Бостон но не успеа да погоди.

За Бостон Дерик Вајт постигна 24 поени, Џејсон Тејтум 22, а Кристапс Порзингис 21 поен.

Scroll to Top