Квентин Грајмс постигна рекордни во кариерата 44 поени, со шут од поле 18/24, а Филаделфија ја прекинаа серијата од девет порази. Севентисиксерс славеа над Голден стејт Вориорс со 126:119.
Гершон Јабуселе постигна пет тројки, мечот го заврши со 18 поени за Филалделфија, која го одигра својот прв натпревар откако објави дека Џоел Ембиид ќе го пропушти остатокот од сезоната поради повреда на коленото.
Стивен Кари запиша 29 поени и 13 асистенции за Вориорс, кои победија на претходните пет натпревари. Голден Стејт играше без Џими Батлер за прв пат откако тој пристигна во тимот од Мајами Хит.
Лајт мотив од овој натпревар е забивањето на Кари, негово прво по пауза од шест години!
STEPH CURRY 2-FOOT HAMMER TIME 🔨🫣
It's his first in-game dunk in 6 years! pic.twitter.com/E3GZU4wNe3
— NBA (@NBA) March 2, 2025
Де’Арон Фокс погоди на 2,6 секунди до крајот за да му донесе победа на гостувањето кај Сан Антонио над Мемфис. Фокс заврши со 20 поени, исто како и Девин Васел, а Стефон Касл имаше рекордни 24 поени од клупата за Спарс, кои победија само втор пат во шест натпревари откако Виктор Вембањама ја заврши сезоната.
Јарен Џексон Јуниор за Мемфис постигна 42 поени, а Санти Алдама имаше дабл-дабл со 15 поени и 11 асистенции кои паднаа на четвртото место во поредокот на Западната конференција.
Демар Дерозан и Зак ЛаВин заедно постигнаа 41 поен и го предводеа Сакраменто до победата над Хјустон. Алперен Сенгун постигна 30 поени, 10 скока и пет асистенции за Рокетс, додека Џејлен Грин додаде 24 поени.
Џејлен Дурен имаше 18 поени, 11 скока и шест блокади, а домаќинот Детроит победи по деветти пат во десет натпревари. Пистонс го победија Бруклин. Детроит се врати од поразот од Денвер во петокот кога Тобијас Харис постигна 18 поени и девет скока, а Малик Бисли исто така постигна 18.
Јанис Адетокумбо го предводеше Милвоки со 29 поени во победата над Далас. Антетокунмпо беше блиску до трипл-дабл, додавајќи девет скока и девет асистенции. Демијан Лилард заврши со 28 поени, шест скока и шест асистенции, Гери Трент Јуниор. постигна 20 поени од клупата, а стартерот Брук Лопез постигна 13 поени. Кајри Ирвинг постигна 31 поен за Маверикс.
НБА, резултати:
Шарлот Хорнетс – Вашингтон Визардс 100:113
Детроит Пистонс – Бруклин Нетс 115:94
Хјустон Рокетс – Сакраменто Кингс 103:113
Мемфис Гризлис – Сан Антонио Спарс 128:130
Далас Маверикс – Милвоки Бакс 117:132
Филаделфија 76ерс – Голден Стејт Вориорс 126:119