Top Sport

(Видео) Филаделфија без Ембид победи во Далас

Кошаркарите на Далас загубија од Филалделфија 116:120. Далас го доживеа четвртиот пораз на последните пет натпревари.

Најдобриот играч на Далас, Лука Дончиќ забележа уште еден трипл-дабл, трет во низа (38 поени, 11 скока и 10 асистенции).

Кајри Ирвинг го следеше со 28 поени. Покрај Дончиќ и Ирвинг, најмногу офанзивно придонесе резервистот Џонс Јуниор кој погоди пет тројки од пет шута, постигна 21 поен.

На крајот, сепак, беше премалку за победа против гостите, кои се уште не можат да сметаат на нивниот најдобар играч, Џоел Ембиид.

Филиделфија имаше повеќе расположени играчи во своите редови.

Предводници беа Тобијас Харис со 28 поени, Тајрис Макси со 25 и резервистот Кели Оубре со 21.

Рид беше на висина на задачата со 13 поени, додека Бади Хилд мечот го заврши со 11.

Scroll to Top