Кошаркарите на Сан Антонио Спарс, во Оклахома ги победија актуелните шампиони со 117:102, во рамките на божиќната програма во НБА лигата.
Сан Антонио го добија и третиот меч против Оклахома од почетокот на сезоната. Актуелните шампиони досега забележаа пет порази во 31 натпревар, три од нив ги забележаа во натпреварите со франшизата од Тексас.
Во првата четвртина, Оклахома добро започна стекна предност од одум поени, тогаш Спарс одговрија со серија од 11 поени, го добија првиот период со 41:36.
До крајот на натпреварот Оклахома во ниту еден момент не успеа да им се доближи на своите противници.
Сан Антонио го предводеше одличниот Дирон Фокс со 29 поени, четири скока и три асистенции, по него следеше Виктор Вембањама, кој имаше дабл-дабл со 19 поени и 11 скока.
Покрај нив, Стефон Касл забележа 19 поени, четири скока и седум асистенции, како и Харисон Барнс со 15 поени и шест скока.
Кај Оклахома се истакна Шеј Гилџис-Александер со 22 поени, шест скока и четири асистенции, по него следеше Ајзеа Хартенштајн, кој оствари дабл-дабл со 13 поени, 12 скока и три асистенции.
Џејлен Вилијамс и Алекс Карузо исто така имаа двоцифрен број на поени по 12, но Карузо шутираше катастрофално за три поени, погоди две тројии од 12 обиди.
