Top Sport

(Видео) Голготата на Детроит заврши во Торонто, Дончиќ пресилен за Голден стејт

Детроит Пистонс ја прекинаа серијата од 28 порази. Тимот на Монти Вилијамс славеше во Торонто против Репторс со резултат 129:127.

Детроит го изедначи најлошиот скор во историјата на НБА, кој беше во сопственост на Филалделфија од сезоните 2014/15 и 2015/16 .

Меѓутоа, ако го гледаме американскиот спорт во целина, најлоши се Чикаго Кардиналс од НФЛ лигата, со серија од 29 последователни порази во средината на минатиот век.

И на овој меч најдобар беше лидерот на Детроит Кејд Канингем со 30 поени и 12 асистенции, Бојан Богдановиќ постигна 19, додека Џејлен Дурен имаше 18 поени и дури 17 скока.

Најефикасен кај Торонто беше Паскал Сијакам со 35 поени, Денис Шрудер додаде 30, а Скоти Барнс 22 со девет асистенции.

Далас во дербито славеа победа во Сан Франциско над Голден стејт со 132:122. Лука Дончиќ го предводеше Далас со 39 поени и 10 асистенции. Словенецот во второто полувреме постигна 29 поени.

Вориорс ги предводеше Стеф Кари со 25 поени. Крис Пол оваа сезона постигна рекордни 24 поени, а тој учинок го стави на посебно место во историјата на , стана 37-ми играч во историјата на најсилната лига со 22.000 поени.

На преостанатите средби, ниту 38 поени на Ди Виченцо не им беа доволни да го избегнат поразот од (140:126), додека Чикаго без Никола Вучевиќ ја совлада Филаделфија за која не настапи Џоел Ембиид со резултат 105:92.

Во неизвесен дуел помеѓу Минесота и Лејкерс победија Тимбервулфс со резултат 108:106. Најдобар актер на средбата беше Ентони Дејвис со 33 поени и 17 скока, додека Ентони Едвардс на другата страна имаше 31 поен.

НБА, резултати

Јута – Мајами 117:109
Детроит – Торонто 129:127
Индијана – Њујорк 140:126
Минесота – ЛА Лејкерс 108:106
Голден Стејт – Далас 122:132

Scroll to Top