Кошаркарите на Оклахома Сити Тандер ги победија Лос Анџелес Клиперс со 126:107. Актуелните шампиони ја запишаа осмата победа од почетокот на сезоната и се единствени без пораз во лигата.
Домашниот тим добро му парираше на актуелниот шампион, особено во првото полувреме. Дури имаа и еден поен предност за време на задолжителната пауза.
Во вториот дел експлодираше Шеј Гилџис-Александер. Канадскиот кошаркар доминираше во текот на третата четвртина и ја водеше Оклахома до двоцифрена предност, а во последниот дел ја потврдија таа доминација.
Најефикасен кај Клиперси беа Харден со 25 поени, Колинс со 17, Дерик Џонс со 16 и Брук Лопез со 12.
Гилџис-Александер се истакна во победничкиот тим со 30 поени, Џо додаде 22, Волас и Вигинс имаа по 12, додека Холмгрен постигна 11.
Резултати:
Торонто – Милвоки 128:100
/Барнс 23 – Адетокунбо 22/
Њу Орлеанс – Шарлот 116:112
/Мерфи 19 – Бриџис 22/
Атланта – Орландо 127:112
/Ризаше 21 – Банкеро 22/
Чикаго Филаделфија 113:111
/Гиди 29 – Макси 39/
