Top Sport

(Видео) Играчите од поранешна Југославија доминираа изминатата ноќ во НБА

Кошаркарите на Денвер Нагетс без да се испотата го победија најлошиот тим во лигата, Детроит. Лејкерси го добија дербито во Лос Анџелес, Лука Дончиќ беше одличен во победата на неговиот тим над Далас. Одлични натпревари изминатата ноќ одиграа Богдан Богдановиќ, Ивица Зубац и Јусуф Нуркиќ.

Нагетс на домашен терен ги победија Пистонс со 131:114, Џамал Мареј беше најефикасен со 37 поени (14-24 од поле), додека Никола Јокиќ постигна четири поени, тој успати само три шута од поле. Јокиќ играше како плејмејкер, па во статистиката додаде 16 асистенции, седум скока и пет блокади.

Торонто, предводен го совлада Голден Стејт на гостински терен со 133:118, со 37 поени на Ар Џеј Берет На другата страна Клеј Томпсон даде 25 поени (10-15 од поле), а Стеф Кари промаши 12 од 14 шута (0-9 за три) и заврши со само 9 поени. Дарио Шариќ постигна 11 поени.

Лејкерси ја прекинаа серијата од четири порази со победа над Клиперс со 106:103, Торијан Принс ја постигна клучна тројка на 87 секунди до крајот на мечот. Леброн Џејмс постигна 25 поени (11-19 од поле, 8ск, 7аст) и Ентони Дејвис 22.

Ивица Зубац го одигра еден од најдобрите натпревари во кариерата за Клиперси, 22 поени (9-13 од поле) и 19 скока.

Далас ја победи Минесота со 115:108, предводен од Кајри Ирвинг со 35 поени и Лука Дончиќ со 34 поени. Кај Минесота најефикасен беше Ентони Едвардс постигна со 36 поени, а Карл-Ентони Таунс постигна 24.

Мемфис го победи Феникс со 121:115, а блескаше Џерен Џексон со 28 поени (11-20 од поле, 10ск), Смарт даде 25, а Бејн 23. На другата страна се истакна Девин Букер со 24 поени, поен помалку постигна Кевин Дурент со 23. Јусуф Нуркиќ забележа со 18 поени, 19 скока и петасистенции.

Scroll to Top