Top Sport

(Видео) Индијана повторно победи во Њујорк

Кошаркарите на Индијана поведоа со 2-0 во серијата од финалето на Источната конференција против Њујорк Никс.

Пејсерсите славеа и во вториот натпревар во „Медисон Сквер Гарден“, овој пат без продолженија, со резултат 114:109.

Најефикасен актер на натпреварот беше Паскал Сиакам со 39 поени за 33 минути и висока, погоди 15 од 23 обиди од поле. Мајлс Тарнер го следеше со 16, додека Тајрис Халибартон (5/16) имаше слаба шутерска вечер, и покрај ова беше блиску до трипл-дабл со 14 поени, 11 асистенции и осум скока.

Нембхард и Нејсмит исто така имаа двоцифрен број на поени, по 12, како и Меконел кој додаде 10.

Кај Никс, Џејлен Брансон имаше уште едно одлично издание, го заврши натпреварот со 36 поени и 11 асистенции. Микал Бриџис и Карл-Ентони Таунс додадоа по 20, а Ануноби 16.

Серијата сега се сели во Индијанаполис, домаќин на следните два натпревари ќе биде Индијана.

Scroll to Top