Top Sport

(Видео) Историска партија на Инграм – Пеликанс го растурија Торонто

Кошаркарите на Њу Орлеанс Пеликанс го победија Торонто со 138:100. Брендон Инграм со својата изведба на овој натпревар влезе во историјата на НБА лигата.

Брендон Инграм ги предводеше Пеликанс со 41 поен, девет асистенции и шест скока.

Тој реализираше осум тројки од 11 обиди, а во последните три минути од третата четвртина погоди пет тројки во низа.

Инграм стана првиот играч во историјата на НБА кој постигнал најмалку 40 поени и најмалку осум тројки на еден натпревар, притоа шутирајќи 75 отсто, без ниту една загубена топка.

Си Џеј МекКалум придонесе за третата последователна победа на Њу Орлеанс со 20 поени, Зион Вилијамсон со 16 и Јонас Валанчиунас со 10 поени и 12 скока.

Во тимот на Торонто, Грејди Дик беше најефикасен со 22 поени, Скоти Барнс додаде 17, а Јакоб Поелтл 14 поени и девет скока.

Резултати:

Шарлот – ЛА Лејкерс 118:124
Кливленд – Сакраменто 136:110
Филаделфија – Далас 102:118
Атланта – ЛА Клиперс 144:149
Бруклин – Голден Стејт 98:109
Њу Орлеанс – Торонто 138:100

Scroll to Top