Top Sport

(Видео) Историски натпревар на Џејлен Брансон

Бекот на Њујорк Никс, Џејлен Брансон, во Аризона, против Феникс Санс, одигра една од најдобрите партии во историјата на франшизата. Њујорк го победи Феникс со 139:122.

Брансон натпреварот го заврши со 50 поени, 12 помалку од рекордот на франшизата кој го држи Кармело Ентони (шут од поле 17/23). Брансон не промаши за три поени, постигна девет тројки. Процентот на реализација му беше 73 отсто.

Пред Бренсон, по еднаш ваков учинок остварија Џулиус Рендл, Џамал Крафорд и Вилис Рид, двапати Кармело Ентони, Алан Хјустон и Патрик Јуинг, еднаш повеќе од нив Ричи Герин, додека лидер е Бернард Кинг со пет вакви партии.

Најголем отпор кај Санс пружија Кевин Дурент со 29 поени и шест скока, а Девин Букер застана на 28 поени и девет асистенции.

Scroll to Top